Детали


  • Монетарна економија
    од Крсте Шајноски

    ISBN: 978-608-4504-42-9
    број на страни: 185
    издадена: 2011
    јазик: македонски
    краток опис:
    Појдовна точка во објаснувањето е тоа дека појавата и развојот на парите се случуваат во пазарни стопанства и нивната економска улога најцелосно доаѓа до израз во такви средини. Доколку во економијата постои слободна понуда и побарувачка парите ја остваруваат својата улога како пасивен фактор во стопанските случувања. Секое отстапување од целосното остварување на пазарниот принцип на слободна понуда и побарувачка, независно од причините, повлекува определени деформации во некоја од функциите на парите. Од денешен аспект гледано, до најголеми модификации дојде (по напуштањето на златно-девизниот стандард) во остварувањето на функцијата на парите како мерка на вредноста и мерило на цените и на функцијата на парите како светски пари (со наметнувањето на неколку национални валути во функција на светски пари, при флуктуирачки курсеви во меѓувалутните односи во светот). Таквиот развој на парите во функција на светски пари има силно влијание врз конципирањето и спроведувањето на националните монетарно-кредитни политики.

    линк за споделување:
    http://e-lib.ugd.edu.mk/33

 



Преземено: 824

Следете нè на:

 

online
88
е-Книги
1096
прегледи
470,717
преземено
580,820