Free e-Books

Free-eBooks e eден од водечките интернет онлајн извори за симнување бесплатни електронски книги. На оваа веб-страница можете легално и бесплатно да читате или симнувате бесплатни електронски книги. На почеток е потребно да се регистрирате со вашиот кориснички профил, по што ќе добиете барање за верификација на вашата електронска адреса. Постои можност да одберете креирање на бесплатен профил кој ви овозможува онлајн читање на сите книги на веб-страницата. Дополнително, со бесплатниот профил е дозволено бесплатно симнување до пет PDF книги во текот на еден месец.
FreeBookSpot е онлајн извор за бесплатно симнување на книги кој располага со 4.485 бесплатни е-книги во 96 категории, кои се до 71,97 GB. Можете да пребарувате и бесплатно да преземете книги од различни категории како наука, инженерство, програмирање, фантастика и многу други.
4eBooks има огромна колекција на книги за компјутерско програмирање. Секоја преземена e-книга има краток осврт со опис. Можете да најдете повеќе од илјада бесплатни книги за секое поле на компјутерско програмирање, како: Net, Actionscript, Ajax, Apache и др.
ManyBooks обезбедува бесплатни книги за вашиот PDA, iPod или ebook читач. Можете да пребарувате е-книги по случаен избор преку најпопуларни наслови, препораки или последни прегледи од посетители. Располага со база од 21.282 книги.
FreeComputerBooks се состои од една голема колекција на бесплатни онлајн книги за компјутери, програмирање, математика, технички книги, предавање и туторијали. Веб-сајтот е многу добро категоризиран по теми, со 12 главни категории и над 150 под-категории.
FreeTechBooks нуди онлајн книги за компјутерски науки, инженерство и програмирање, учебници и материјали, кои се легално и бесплатно достапни преку интернет.
Scribd е веб-сајт за споделување на онлајн документи и поддржува Word, Excel, Powerpoint, PDF и други популарни формати. Можете да преземете некој документ или да го поставите на вашиот блог или веб-страница.



 

Follow us:

 

online
68
e-Books
1051
views
418,006
downloads
523,607