Практична примена

За практична примена на развиениот алгоритам, како посебен дел во овој магистерски труд е дизајниран веб сервис кој преку Апликацијата за пристап и Модул за опслужување може да транслитерира: електронски пораки напишани на латиница, веб публикувања, постари текстови итн.



1. Апликација за пристап

Апликацијата за пристап до веб сервисот е едноставна и лесна за употреба. Преку неа се опслужуваат поголем број на корисници во реално време.

Корисничкиот интерфејс на апликацијата овозможува:

  • директен пристап до веб сервисот;
  • место за внесување на ограничена содржина на латиница (текст, бројки, знаци);
  • автоматски приказ на транслитерирана содржина на кирилица;
  • опција за коригирање на повеќезначни зборови;
  • самоучење на базата на податоци на веб сервисот.

Апликацијта за пристап е прикачена на нашиот веб сервер на УГД и до неа може да се пристапи со следниот линк: http://www.ugd.edu.mk/drop/trans/servis.


Конвертор на текст до 5000 карактери од кирилица во латиница: линк.