
Практична примена
За практична примена на развиениот алгоритам, како посебен дел во овој магистерски труд е дизајниран веб сервис кој преку Апликацијата за пристап и Модул за опслужување може да транслитерира: електронски пораки напишани на латиница, веб публикувања, постари текстови итн.
2. Модул за опслужување
Модулот за опслужување е направен со цел транслитерирањето на содржини да се овозможува преку барање од други апликации. Тој е направен да биде компатибилен во сите PHP скрипти кои се наоѓаат во апликациите на различни сервери.
Начинот за користење на модулот е преку интегрирање на дополнителен програмскиот код во вашите апликации.
Модулот им овозможува на апликациите:
- индиректен пристап до веб сервисот;
- автоматски приказ на неограничена транслитерирана содржина на кирилица (текст, бројки, знаци);
- опција за коригирање на повеќезначни зборови;
- автоматско ажурирање на базата на вашата апликацијата;
- самоучење на базата на податоци на веб сервисот.
Оваа примена на модулот за транслитерација е во моментот кога корисниците внесуваат содржини во веб апликацијата. (експериментален приказ)