
Краток опис
Постојат многу веб базирани апликации и социјални мрежи каде што се објавени македонски содржини напишани на латиница и покрај можноста за користење на кирилско писмо, што доведува до појава на двосмисленост на некои зборови во самите реченици. За надминување на наведениот проблем се користи процесот на транслитерација.
- Оваа веб страница е направена со цел да се прикажат резултатите добиени од многубројните истражувања кои се направени во текот на магистерска теза со наслов „Веб сервис за транслитерација на цели реченици од латиница во кирилица“. линк
- Изберете една од можностите за пристап до нашиот веб сервис за транслитерација на цели реченици од латиница во кирилица.
- Ние нудиме едноставно решение на проблемите кои настануваат при пишувањето на ваши текстови на латиница.
- Со интегрирање на нашиот дефиниран код во вашите апликации, ќе се овозможи брза и автоматска конекција до модулот за транслитерација за големи содржини.